ЕМА ја потврди ефикасноста на АстраЗенека за сите возрасни групи
Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача употреба на вакцината АстраЗенека против Ковид-19 за сите возрасни групи, и ова е силен сигнал до сите граѓани дека се работи за безбедни и ефикасни вакцини, соопшти Европската комисија.
Во врска со информациите дека Германија и Белгија изразиле сомневање во врска со ефективноста на вакцината АстраЗенака за лица над 65 и 55 години, Комисијата наведува дека е во надлежност на земјите-членки да одлучуваат за „дополнителни и построги барања за употреба на некои вакцини, се додека тоа не е во спротивност со препораките на ЕМА.
Европската комисија ги повика и интернет-платформите, како што се Фејсбук, Твитер, Јутјуб и Гугл, итно да работат на решавање на дезинформациите што се појавуваат на социјалните мрежи кога станува збор за вакцините против коронавирусот. „Живееме во глобална здравствена криза, а проверените информации можат да спасат животи“, се вели во пораката од Брисел.
ЕУ потенцира дека од договорените 2,6 милијарди вакцини за ЕУ-27, 1,2 милијарди се во моментов во производство, што според очекувањата на Брисел би требало да овозможи крајот на летото во ЕУ, да биде вакцинирано 70 проценти од населението.
Ново на Сител
-
Создавање на кадри според потребите на пазарот на трудот - Дали оваа политика може негативно да се рефлектира врз гимназиите?
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Таравари: Алијанса за Албанците ќе излезе од Владата ако премиерот смета дека не сме потребни
-
СДСМ: Додека државата тоне, партиите во Владата се караат за ресори и тендери
-
63 општини досега доставиле 450 проекти за финансиска помош од државата
-
На повидок воспоставување на голема соработка помеѓу прилепската општа болница и Универзитетскиот клинички центар во Лозана
-
Преглед на вестите од светот
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа