-->
-->
Емери: Мораме да бидеме внимателни во реваншот
-->

Тренерот на ПСЖ Унаи Емери изјави дека е убаво чувството да се победи Барселона, но вели дека неговиот тим мора да ја одржи максимална концентрација и да биде внимателен во вториот натпревар од нокаут фаза во Лигата на шампионите.
- Голема мотивација е да се игра против Барселона, но, исто така, и отежнувачка околност. Високата победата и начинот на кој игравме остави добар вкус во устата, но мора да се биде внимателен, затоа што треба да играат уште 90 минути, рече Емери .
ПСЖ синоќа во Париз со 4:0 ја победи Барселона во првиот натпревар од 1/8финалето на ЛШ.
- Ние ги надигравме, атака ќе настојуваме да се прикажеме и во Барселона. Јас сум многу претпазлив кога станува збор за возвратниот меч, додаде Емери.
Ова за него беше само втора победа во 24-те натпревари со Барселона. Поранешен тренер на Севиља и Валенсија заслугите за триумфот ги препиша на неговите фудбалери.
- Кога победиме, ние тоа го правиме сите заедно, а истото важи и кога губиме. Синоќешниот натпревар беше одличен и на индивидуален и на колективен план, потенцира предводникот на францускиот првак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
