-->
-->
Емирот на Катар со критика за политика на Обама кон Сирија
-->
Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани упати вчера критика до политиката на американскиот претседател Барак Обама кон Сирија.
Катар е голем критичар на сирискиот претседател Башар ал Асад и како и САД ги поддржува бунтовниците, кои се обидуваат да го соборат од власт.
Шеикот Тамим бин Хамад ал Тани ги критикуваше пред Генералното собрание на Обединетите нации т.н. „црвени линии“ на Обама.
- Пред режимот беа поставени црвени линии и тој го наруши. Но оние, кои ги поставија не сторија ништо, рече Ал Тани.
- Црвената линија почна да се поместува и на режимот му стана јасно дека што и да стори нема да биде одговорен, рече Ал Тани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
21-годишник лишен од слобода поради управување возило под дејство на алкохол
-
Почетокот на ГН на Австралија може да биде одложен поради закана од силен дожд
-
Омерагиќ: Во ФФМ затекнав состојба покомплицирана од очекуваното
-
Сабаленка пред финалето со Андреева: Како да играат стара мајка со дете
-
Во Илинден пронајдени човечки коски во шахта
-
АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор
-
Јанц: И реваншот против Македонците ќе биде предизвик
-
Макрон ја повика Русија да го прифати примирјето