„Ендава“ се спои со „Велосити Партнерс“

Иновативната компанија за развој на софтвер „Велосити Партнерс“, која е присутна во Латинска Америка, стана дел од глобалната ИТ компанија „Ендава“ со што компанијата ќе има над 4.600 луѓе, со дополнителни шест агилни центри за развој на софтвер во Аргентина, Уругвај, Венецуела и Колумбија кои ќе ги надополнат постојните центри во Романија, Молдавија, Бугарија, Србија, Македонија и Колумбија.
Ова, како што велат од „Ендава“, ќе овозможи понатамошно проширување на нивната дејност во Северна Америка и понуда на најсовремен модел и испорака од светски ранг.
„Ендава“ е приватна ИТ компанија со над 17 години искуство работење со светските лидери во финансии, осигурување, телекомуникации, медии, технологија и малопродажба. Преку понуда на решенија за агилна трансформација, дигитална еволуција и автоматизација, „Ендава“ им помага на клиентите да бидат поефикасни и флексибилни. Има над 4.000 вработени и канцеларии во Северна Америка, Западна Европа и развојни центри во Колумбија, Молдавија, Романија, Македонија, Србија и Бугарија.
„Велосити Партнерс“ се иновативна глобална компанија за аутсоурсинг на развој на софтвер со повеќе од 12 години искуство. Компанијата нуди високо-квалитетни решенија за зголемување на тимови во компании со различна големина. „Велосити Партнерс“ има над 500 вработени кои се наоѓаат во канцелариите во Северна Америка и центри за испорака кои се наоѓаат во Аргентина, Уругвај, Колумбија и Венецуела.
Ново на Сител
-

Промени во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, па до мај реконструкција на Владата и смени во дел од државните институции, најави Мицкоски
-

Алиу го презентира напредокот на националниот систем за трансплантација и реализацијата на инфраструктурните инвестиции во здравството
-

Сиљановска Давкова: Родово одговорното буџетирање овозможува реална проценка и поправедна распределба на јавните средства
-

Кривична за 24-годишна девојка, управувала возило со 126 километри на час на место каде е ограничено 50
-

Приведени двајца крадци од Куманово, на сила одзеле делови од автобус
-

Приведен 30-годишник од Неготино кој му се заканувал на својот татко
-

Тојота го претстави новиот ГР ГТ
-

Премиерот Мицкоски очекува брза процедура за избор на нов главен јавен обвинител
