„Енергоатом“: Русите повторно го гранатираа Запорожје
Украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом денеска соопшти дека руските сили го гранатирале комплексот на нуклеарната централа „Запорожје“, што е под руска контрола од март.
Во соопштението на каналот Телеграм на компанијата се наведува дека руските војници во изминатите 24 часа повторно ја гранатирале територијата на нуклеарната централа и дека се проценува штетата.
Најголемата нуклеарна централа во Европа се наоѓа на југот на Украина на левиот брег на реките Дњепар.
Претходно денеска руското Министерство за одбрана ги обвини украинските сили дека во последните 24 часа трипати го гранатирале комплексот околу нуклеарната централа во Запорожје.
Претходно, член на проруската регионална администрација, Владимир Рогов објави дека украинските сили повторно го гранатираат градот Енергодар, во близина на кој се наоѓа нуклеарната централа „Запорожје“.
Ново на Сител
-
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице
-
Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите
-
Гостиварец физички ја нападнал сопругата, следува соодветен поднесок
-
Герасимовски: Повторен вандализам во Капиштец, обиен багер
-
Израел ги обнови нападите врз Бејрут, погодени станбени области
-
Опожарено возило во Штип
-
Снимка од дворот на Раде Штекли, ова е моментот кога експлодирала бомбата | ВИДЕО
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово