Фудбал
22. јуни 2016 - 13:23

EП 2016: Белгија „бира“, Хрватска или Франција

Репрезентацијата на Белгија која се смета за фаворит од сенка на ЕП во Франција денеска игра важен меч за пласман во следната рунда со селекцијата на Шведска. 

Доколку го загубат натпреварот со два или повеќе разлика Белгијците ќе бидат елиминирани од првенството. Можно е да бидат дури и 4-ти во групата доколку загубат од Шведска а Р.Ирска ја совлада Италија. 
Доколку победат или одиграат нерешено ќе бидат второпласирани и тогаш ќе играат во осминафиналето против селекцијата на Хрватска. 
Интересно е дека можат да бидат и трети доколку загубат со еден гол разлика. Тогаш како третопласирани во групата би играле со селекцијата на Франција која е прва во А- групата. 
Е- ГРУПА
21ч Италија - Р.Ирска
21ч Белгија- Шведска 
ТАБЕЛА 
Италија 6
Белгија 3
Шведска 1
Р.Ирска 1