Фудбал
8. July 2016 - 11:27

ЕП 2016: Финалето за Клатенбург

Англискиот судија Марк Клатенбург ја доби довербата од УЕФА да го суди финалето на ЕУРО 2016, помеѓу Франција и Португалија.
 
Клатенбург ја доби довербата во конкуренција на Србинот Милорад Мажиќ и Унгарецот Виктор Кашаи.
 
Овој 41-годишен судија, кој по професија е електричар, доби уште едно признание од УЕФА, бидејќи пред само шест недели ја делеше правдата во финалето во Лигата на шампионите помеѓу Реал и Атлетико.
 
Финалето на ЕУРО 2016 помеѓу Франција и Португалија ќе се одигра в недела од 21 часот на стадионот Сен Дени.