-->
-->
ЕП 2016: Компјутери-прогнозери даваат предност за Франција
-->

Компанијата „Gracenote“, специјализирана за обработка на податоци и статистички прогнози, ги објави своите предвидувања околу претстојното Европското првенство, односно кои репрезентации ќе ја минат групата, кои по првата фаза ќе се вратат дома, како би изгледала нокаут фазата и која селекција ќе ја освои титулата.
Според предвидувањата на „Gracenote“, во првата фаза ќе отпаднат Албанија, Северна Ирска, Велс, Исланд, а компјутерот не верува ниту во Чешка, која се наоѓа во силна група и во Шведска која ја предводи Ибрахимовиќ.
Компјутерот предвидува едно вистинско дерби во осминафиналето, Португалија би ја елиминирала Италија, додека останатите фаворити според прогнозите ќе минат во четвртфиналето.
Понатаму во четвртфиналето Англија би славела над Португалија, Шпанија против Полска, Франција против Русија, а Германија против Белгија.
Полуфиналниот епилог би бил Франција на Германија и Шпанија на Англија и за крај Франција во финалето би славела над Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбиен предлог законот на СДСМ министрите да имаат само македонско државјанство
-

СДСМ со предлог мерки за најранливите категории граѓани
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коларевиќ и Абази се коалиција во Обвинителството, како СДС и ДУИ во политиката
-

Форумот на жени на СДСМ со пријави против омразата и навредите кон жени на социјалните мрежи
-

Неопходно е проширување на понудата за развој на туризмот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Неда Чаловска Димовска, адвокатка и активистка
-

Џентлменско возење на мотор за подигнување на свесноста за машкото здравје
