Кошарка
12. August 2016 - 16:11

ЕП - Б дивизија (У-16): Втор пораз овојпат од Израел

Кадетската кошаркарска репрезнтација на Македонија го доживеа вториот пораз на Европското првенство Б дивизија што се игра во Софија. Нашата репрезентација денеска во натпревар од 2.коло од групата Б загуби од Израел со 80:58 (22:13; 20:19; 23:16 и 15:10).
Противникот кој е најголем фаворит за првата позиција во групата Б ги доби сите четири четвртини. Во редовите на Македонија најефикасен беше Андреј Јордановски со 16 поени.
Од групата Б попладнево се играат натпреварите: Унгарија – Англија и Шкотска – Република Ирска. Утре во рамките на 3.коло Македонија ќе игра со Шкотска, а почетокот на дуелот е во 15 часот.