-->
-->
ЕП футсал: Победи за Србија и Шпанија
-->

Футсал репрезентациите на Србија и на Шпанија со победите остварени синоќа над Португалија и над Украина ги освоија првите места во своите групи на Европското првенство во футсал што се одржува во Белград. Домаќинот Србија пред 11.161 гледач во „Комбанк Атена“ ја победи Португалија со 3:1 и со шест бодови го освои првото место.
Во групата Б Шпанија ја совлада Украина со 4:1 за првата позиција во групата.
Познати и се и првите два четвртфинални дуели: Србија – Украина и Шпанија – Португалија. Овие натпревари ќе се играат во понеделник.
Денеска се играат последните два натпревара од првата фаза: Хрватска – Русија (Ц група) и Чешка – Италија (Д група).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
-

Во Гостивар во изминатото деноноќие прегледани вкупно 198 пациенти, нема промени во клиничката слика
-

МВР демантира етничка провокација во случајот со сообраќајката на патот Скопје-Блаце
-

Дивиот приклучок не се наоѓал во санитарните зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата
-

Миланов: Водата во Гостивар не смее да се користи до добивање на лабораториските резултати
-

Хоџа: Проектот за филтер-станицата во Вруток е завршен во 2014 година и е предаден на ЈКП „Комуналец“
-

Мортус пијан возач со 4,35 промили алкохол во крвта фатен во Делчево
-

Герасимовски: Ги повикуваме младите да аплицираат, досега е исплатена 71 субвенција за возачка дозвола во Центар
