Спорт плус
8. February 2016 - 8:59

ЕП футсал: Познати четвртфиналните двојки

Со двата натпревара одиграни синоќа во Белград заврши првата фаза од Европското првенство во футсал.
 
Во дуелот од групата Ц Русија и Хрватска одиграа нерешено 2:2 и со тоа Русија го освои првото место во групата, а Хрватска ги заврши натпреварите.
 
На дуелот од Д групата Италија убедливо ја совлада Чешка со 7:0 и го потврди првото место, додека Азербејџан е втор, а Чешка последна.
 
Двете првопласирани репрезентации од групите ќе играат во четвртфиналето.
 
Утре во четвртфиналната фаза двојките се: Русија – Азербејџан и Казахстан – Италија.
 
Вечерва се играат првите четвртфинални дуели: 
Србија – Украина (почеток 18:30 часот) и 
Шпанија – Португалија (почеток 21 часот).