-->
-->
ЕП - Хрватска 2018: Позната сатницата на дуелите за втората фаза
-->
Откако првиот дел од ЕП селекцијата на Македонија го заврши како првопласирана во загрепската Ц група, пред актуелниот европски првак Германија, бронзената од последното СП, Словенија и Црна Гора, црвено-жолтите се лидери и во новоформираната група 2, од вториот дел на првенството.
Македонија ќе стартува како лидер со 3 бода, пред фаворитите Шпанија, Данска, Германија и Чешка кои пренесоа по 2 бода, односно Словеника која ќе почне со 1 бод.
Избраниците на Раул Гонзалез ќе имаат три дена одмор се до првиот меч во сабота кога за противник ќе ја има силната селекција на Шпанија. Два дена подоцна црвено-жолтите ќе играат против стариот познаник, Чешка, а во последното трето коло противник ќе им биде олимпискиот првак Данска.
Распоред на натпревраите во втората фаза:
21 јануари – Македонија – Шпанија од 20.30 часот
23 јануари – Македонија – Чешка од 20.30 часот
24 јануари – Македонија – Данска од 18.15 часот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Потребна е поголема грижа за талентираните деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво