-->
-->
ЕП кошарка: Грузијците без 1/8 финале?!
-->

Кошаркарите на Италија го расипаа впечатокот на Грузија на ЕП во кошарка откако „аѕурите“ славеа победа со 71-69 и само го потврдија третото место во групата Б кое за противник во осминафиналето им ја обезбеди Финска.
Иако екипата од Апенините беше сигурен патник во следната фаза сепак одигра коректен меч со што сега Грузија наместо да се подготвува за осминафинале ќе мора да го чека расплетот од мечот Израел- Украина каде ќе мора да навиваат за Израелците како би имале најдобар скор и како 4. пласирани би тргнале за Турција.
Шанса да биде поинаку пропушти високиот Георги Шермандини, чиј шут за продолжение, го блокираше Луиџи Датоме, буквално пред сирената да означи крај на овој возбудлив натпревар во Тел Авив.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
-

Дурмиши: Продажните цени растеле побрзо од набавните, но сега се стабилизираат
