ЕП одобри 18 милијарди евра помош за Украина
Eвропскиот парламент денеска го одобри предлогот Украина следната година да добие 18 милијарди евра економска помош од ЕУ.
Европската комисија предложи Киев да ја добие сумата во еднакви делови, отплатата на заемот да започне по 10 години, а каматата да ја покриваат земјите од ЕУ.
Комисијата предвидува средствата да бидат искористени за поддршка на основните јавни потреби, вклучително и работата на болниците и училиштата, обезбедувањето засолништа и обновувањето на инфраструктурата оштетена од руските воздушни напади. Заемот се очекува да биде отплатен за 35 години.
„За исплата на заемот потребни се реформи за зајакнување на институциите на Украина и подготовка за нејзино закрепнување на патот кон членство во ЕУ“, се вели во соопштението на ЕП.
Се додава дека денешната одлука е донесена со 507 гласа „за“, 38 „против“ и 26 воздржани.
Од почетокот на војната, ЕУ обезбеди 19,7 милијарди евра за поддршка на Украина.
За заемот, одобрен од европратениците денеска, треба дополнително гласање во Советот на ЕУ на 6 декември.
Ново на Сител
-
Блумберг: Путин поставува максималистички барања до Украина и е подготвен да продолжи со војната
-
Зеленски: САД треба да ја убедат Русија да го прифати прекинот на огнот
-
Божиновска: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика
-
Тетовчанец приведен за подметнување на пожар
-
Макрон: Франција истовремено треба да се бори со геополитичките и терористичките закани
-
Tешко повреден мотоциклист откако се судрил со автобус
-
Обвинителството бара притвор за пет лица опфатени со вчерашната акција за сомнителни набавки на мазут
-
Едно лице повредено при превртување на шлепер меѓу селата Фариш и Раец