ЕП одобри 18 милијарди евра помош за Украина
Eвропскиот парламент денеска го одобри предлогот Украина следната година да добие 18 милијарди евра економска помош од ЕУ.
Европската комисија предложи Киев да ја добие сумата во еднакви делови, отплатата на заемот да започне по 10 години, а каматата да ја покриваат земјите од ЕУ.
Комисијата предвидува средствата да бидат искористени за поддршка на основните јавни потреби, вклучително и работата на болниците и училиштата, обезбедувањето засолништа и обновувањето на инфраструктурата оштетена од руските воздушни напади. Заемот се очекува да биде отплатен за 35 години.
„За исплата на заемот потребни се реформи за зајакнување на институциите на Украина и подготовка за нејзино закрепнување на патот кон членство во ЕУ“, се вели во соопштението на ЕП.
Се додава дека денешната одлука е донесена со 507 гласа „за“, 38 „против“ и 26 воздржани.
Од почетокот на војната, ЕУ обезбеди 19,7 милијарди евра за поддршка на Украина.
За заемот, одобрен од европратениците денеска, треба дополнително гласање во Советот на ЕУ на 6 декември.
Ново на Сител
-
Средношколците и МОН постигнаа договор
-
Тема на денот со Нано Ружин
-
Врвни специјалисти во Аџибадем Систина со минимално инвазивни процедури третираат карциноми и последици од мозочен удар
-
Синот на Џафери и сопругата на Абази се пријавија на огласот за обвинители
-
Стојче Ивановски има 100% оштетување на видот, но Комисијата за инвалидска пензија го враќа на работа
-
Синдикатот од здравството со најава за протести ако не се исполни ветувањето за поголеми плати
-
Македонија - Три години во НАТО
-
Лога бара со внесот на бугарите да се направат и уставните измени за албанскиот јазик