ЕП побара замрзнување на преговорите за членство на Турција во ЕУ

Европскиот парламент денеска со 477 гласови „за“ усвои резолуција со која се бара замрзнување на преговорите за членство на Турција во Европската унија, јави електронското издание на весникот „Милиет“.
Европратениците бараат замрзнување на преговорите, бидејќи, според нив, кампањата што ја води турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган против неговите опоненти, покажува дека Анкара не ги исполнува демократските критериуми на Унијата.
Гласањето по предлог-резолуцијата, предложена од европратеничката Кати Пири, како и што се очекуваше мине без проблем, имјаќи предвид дека текстот доби поддршката од најголемите партии.
- Ние не повикуваме за прекин на целиот дијалог или соработка, но да се зборува за интеграција е нереално во овој момент, изјави Пири.
Сепак, ваквото барање на Европскиот парламент не е обврзувачко за останатите европски институции. Европската комисија и владите на земјите од ЕУ досега ги игнорираа сличните барања за официјално замрзнување на преговарачкиот процес со Турција, што практично веќе е блокиран.
Турскиот министер за ЕУ, Омер Челик, преходно денеска изјави дека Анкара ги отфрла сите предлози на Унијата за прекин на преговорите за членство во замена за посилна соработка во други области.
Ново на Сител
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
