Ракомет
24. January 2016 - 20:01

ЕП Полска 2016: Германија ја победи Русија во Полска

Репрезентацијата на Германија оствари нова победа на Европското првенство во Полска. На групата во Вроцлав Германија ја совлада Русија со 30:29 (13:13). Германија со оваа победа изби на првото место на табелата со шест бодови. 

Последниот напад Русија не успеа да го реализира последниот напад.
Најефикасни на дуелит беа Кристија Дисингер од Германија и Тимур Дибиров од Русија со по 7 голови.
Вечерва во рамките на групата 2 во Вроцлав играат Шпанија - Данска.
Табела: Германија 6 бодови, Данска 4, Шпанија 4, Русија 3, Шведска 1, Унгарија 0.