Ракомет
18. January 2016 - 18:41

ЕП Полска 2016: Лазаров: Ќе биде тврд натпревар

Двата натпревара со носителите на медалите од Светското првенство од Катар лани се веќе зад нашата селекција. Два пораза од Франција (злато) и од Полска (бронза), но нашите се надеваме брзо ќе се вратат во нормала.
- Имаме доволно време да се подготвиме. Гледавме делови од натпреварите на Србија кои ги одиграа досега и сме на добар пат да ја оствариме нашата првична цел за сега. Србија се покажа во светло издание, борбеност, за разлика од нив ние сме поискусни. Тоа е нашата шанса за пласман понатаму, Треба и психички добро да се подготвиме, со многу фаули, многу дуели и со секој момент од дуелот треба да знаеме што треба да правиме, изјави капитенот Кирил Лазаров на денешниот тренинг.