Ракомет
26. January 2016 - 17:42

ЕП Полска 2016: Обрван: На крајот важно е да се победи

Шампионатот за Македонија ќе заврши со утрешниот натпревар против Белорусија. Селекторот Ивица Обрван пред денешниот тренинг истакна:

-         Желбата ни е Европското првенство да го завршиме со победа, која на некои натпревари ни избега во последните секунди. Пет натпревари одигравме, со исклучок на еден на кој не бевме на ниво. Како селектор сум задоволен.
За утрешниот ривал истакна:                  
 -Белорусија во натпреварот игра м ногу различни одбрани, често менуваат одбрана 3-3, 5-1, 6-0 , 5-1 со Исланд на лев бек со нас најверојатно десен бек. На крај на ЕП кое исцрпувачко важно е да се победи, концентрирани мора да сме сите 60 минути  особено по вчерашниот дуел со Норвешка. И да бидеме трпеливи против нивните „мали“ играчи на позиција бекови. И се надевам дека имаме уште резерзви кај нас.
За играчите кои вчечат повреди Обрван истакна: 

-   Чуствуваат болки Кузмановски најверојатно ќе биде ок. Болки има и Филип Лазаров повредата на препоната го спречи за игра во второто полувреме со Норвешка и се надевам дека утре ќе моеже да игра колку што играше вчера.

 

Од Краков, Марјан Ников