Ракомет
19. January 2016 - 22:05

ЕП Полска 2016: Победи за Полска и Хравтска

На последните два натпревара од 3.коло од групите А и Б победи постигнаа селекциите на Полска и на Хрватска. Полска во последниот натпревар од групата А во Краков ја победи Франција со 31:25 и го освои првото место во групата.
Во Катовице Хрватска не дозволи изненадување и ја совлада селекцијата на Исланд и со тоа ја испрати дома. Хрватите победија со 37:28.
Во А групата на првиот натпревар Македонија одигра нерешено со Србија 27:27, но обезбеди пласман во следната фаза.
Во групата Б во Катовице Норвешка ја совлада Белорусија со 29:27.
 
Табела А група: Полска 6 бодови, Франција 4, Македонија 1, Србија 1.

Табела Б група: Норвешка 4, Хрватска 4, Белорусија 2, Исланд 2.