Ракомет
14. January 2020 - 9:22

ЕП ракомет 2020: Ден за разврска во три групи

По комплетирањето на резултатите во две од групите познато е кои четири репрезентации со колку бодови продолжуваат во Главната фаза. Тоа се селекциите на: Шпанија (европски првак), Хрватска, Германија и Белорусија, со тоа што Шпанија и Хрватска имаат по два бода. Притоа шампионатот заврши за Црна Гора, Србија, Летонија и Холандија.
Натпреварот во Гетеборг меѓу Шведска и Полска го судат македонските судии Начевски - Николов.
 
Денеска на програмата се натпревари од 3.коло од три групи.
Б група Виена:
Македонија - Австрија (почеток 18:15 часот)
Украина - Чешка (почеток 20:30 часот)
Д група Трондхајм:
БиХ - Франција (почеток 18:15 часот)
Норвешка - Португалија (почеток 20:30 часот)
Ф група Гетеборг:
Словенија - Швајцарија (почеток 18:15 часот)
Полска - Шведска (почеток 20:30 часот).
 

Табела А група:

Хрватска 6, Белорусија 4, Црна Гора 2, Србија 0.

Табела Б група:

Австрија 4, Чешка 2, Македонија 2, Украина 0.

Табела Ц група:

Шпанија 6, Германија 4, Холандија 2, Летонија 0.

Табела Д група:

Португалија 4, Норвешка 4, Франција 0, БиХ 0.

Табела Е група:

Исланд 4, Унгарија 3, Данска 1, Русија 0.

Табела Ф група:

Словенија 4, Шведска 2, Швајцарија 2, Полска 0.

 

Од Виена 

Марјан Ников