-->
-->
ЕП - жени: Комплетирана втората фаза, познати полуфиналистките
-->
На Европското првенство за ракометарки што се одржува во Шведска синоќа беше заокружена втората фаза. Во решавачкиот дуел за второто место во групата 2 Данска ја победи Романија и со еден бод повеќе ја мина на табелата.
Резултати на дуелите од 3.коло од втората фаза:
Група 1: Шпанија - Холандија 24:29, Шведска - Германија 22:28 и Србија - Франција 21:28.
Група 2: Унгарија - Русија 26:26, Данска - Романија 21:17 и Норвешка - Чешка 24:35.
Табела Група 1: Холандија 8 бодови, Франција 8, Германија 7, Шведска 3, Србија 3, Шпанија 1.
Табела Група 2: Норвешка 10, Данска 7, Романија 6, Русија 4, Чешка 2, Унгарија 1.
Денеска на шампионатот е слободен ден, а утре се играат три натпревари. Завршницата на шампионатот ќе се игра во Гетеборг, а во полуфиналето двојките се: Норвешка – Франција и Холандија – Данска, додека пред овие дуели се одигра натпреварот за 5.место меѓу Германија и Романија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маж оштетувал надгробни плочи на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кремљ: Голем дел од Украина сака да биде руски, што одговара на изјавите на Трамп
-
Пријавил кражба, а украдените предмети всушност ги дал на друго лице - пријава за „лажно пријавување на кривично дело“
-
Нови наоди за „Изгубениот град“ на дното на во Атлантскиот Океан
-
Почина осуденик во затворот К’шање
-
Над 200 илјади родители и старатели може да пристапат до Е-дневникот преку мобилна апликација
-
Објавен списокот на кошаркари за натпреварите со Естонија и Полска
-
Училиштата ќе добијат упатство за постапување во случај на хибридни закани