Епидемијата на колера во Јемен излегува од контрола
Епидемијата на колера, која го зафати Јемен, излегува од контрола, секоја минута се разболува по едно дете, предупреди денеска меѓународната хуманитарна организација „Спасете ги децата“.
Илјадници лица можат да умрат од болеста следните месеци, предупредуваат експертите и додаваат дека постои можност да се заразат до 300 илјади лица.
„Спасете ги децата“ нагласи дека бројот на заболените деца тројно се зголемил изминатите недели.
Граѓанската војна, која беснее во арапската земја, предизвика глад и недостиг на чиста вода, со што се интензивира и ширењето на колерата, цревно заболување, кое може да убие човек за неколу часа.
Здравствениот систем на земјата не е во можност да се справи со ситуацијата. Болниците се преполни, а недостигаат лекарства и инфузии.
Епидемијата изби кон крајот на април и според УНИЦЕФ досега починале над 920 лица, а регистрирани се 124 илјади случаи на заболувања, од кои речиси половина се деца. Над два милиона деца во земјата се неухранети и тие поради падот на имунитетот полесно можат да заболат.
Ново на Сител
-
Дел од општина Бутел без вода
-
Набавена нова опрема за Одделот на неонатологија при Детската клиника
-
Таравари: Немам информација дека некој од рентген апаратите не работи, матичните педијатри да не ги испраќаат сите свои пациенти на Педијатрија
-
Угостителските услуги во 2024 година поскапеле за 5,6 отсто
-
Пренатрупаност во словенечките затвори, со пополнетост од 130 отсто
-
Превентивна активност за заштита од екстремни температури на скијачкиот центар „Михајлово“
-
Дуда бара гаранции дека Нетанјаху нема да биде уапсен доколку го посети Аушвиц
-
Мемеди: Зголемен бројот на дечиња со респираторни инфекции во Детската клиника