Македонија
3. January 2022 - 16:48

Епископ Иринеј: Преговорите СПЦ-МПЦ мора да продолжат

Српскиот епископ Иринеј повторно ги бранува црковните односи меѓу Македонија и Србија.Во интервју за српскиот неделник „Печат“, епископот, кој е духовен отец  и еден од најблиските соработници на српскиот патријарх Порфириј, порачува дека е неопходно да продолжи дијалогот меѓу СПЦ и МПЦ за надминување на отвореното црковно прашање.Според Иринеј судско полицискиот прогон, како што го нарекува врз Јован Вранишковски, завршил, но очекува да се спроведе пресудата од Стразбур за регистрирање на Православната охридска архиепископија на Вранишковски.

Порпаролот на Светиот Синод на МПЦ владиката Тимотеј смета дека не треба да им се придава големо значење на зборовите на епископот бачки Иринеј , затоа што официјално писмо од СПЦ за продолжување на дијалогот со години нема.

Тимотеј, во зборовите на Иринеј, за престанатиот прогон врз Вранишковски, гледа како на уште еден потег на СПЦ за да не се изнајде решение за статусот на МПЦ, посочувајќи дека расчинетиот владика од МПЦ-Охридска Архиепископија,  одамна излегол од затвор

Овие нови бранувања на релација СПЦ-МПЦ доаѓаат по неодамнешниот прием на епископот антаниски и игумен на Бигорскиот манастир г.Парениј во придружба на монаси и монахињи кај вселенскиот патријарх Вартоломеј, што беше оценето како можен чекор на Вселенската патријаршија за решавање на црковкото прашање и признавање на МПЦ-ОА