ЕП:Македонецот Идризи „истепа“ Грк!
Сребро и бронза освоија македонските каратисти на 43-то Европското првенство за кадети, јуниори и помлади јуниори до 21 година, кое се одржува во кипарскиот град Лимасол.
Најмладиот член на репрезентацијата, Абдурахим Идризи, стана европски вицешампион во кати, поединечно. Абдурахим Идризи на патот до сребрениот медал беше подобар од Гркот Димитрос Герзелис со 4-1, потоа со 3-2 славеше на Данила Мамчуровски од Русија и во полуфиналето против Португалецот Жоао Касимиро со 4-1, а во финалето загуби од Ѓунгел Селахетин од Турција со 5-0.
Вториот медал за Македонија го освои Столе Смилковски, тој во категоријата до 57 килограми се закити со бронзениот медал. Смилковски во првото коло го победи Гуга Иванашвили од Грузија со 3-0, а во второто загуби од Шпанецот Алберто Хименес Морено со 0-2, но откако Шпанецот се пласира во финалето, Смилковски преку репасажот дојде до бронзата.
За место на пиедесталот ги совлада Блеранд Лимони од Косово со 1-0, против Белгиецот Квентин Маоден победи со судиско прегласување, откако мечот заврши 3-3.
Ново на Сител
-
Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум свинг држави
-
Лишен од слобода криумчар на мигранти
-
Скопје меѓу десетте најзагадените градови во светот
-
Утрово најстудено во Берово, измерени -6 степени
-
Во вооружен напад во бар во Мексико 10 убиени и седум повредени лица
-
Претерување со шеќер и сол е штетно по здравјето
-
Стојановски освои сребро на Европското првенство во таеквондо за кадети
-
Македонските ракометари и гостуваат на Литванија