Спорт плус
3. September 2023 - 10:57

ЕП:Македонија ја совлада Ц.Гора за историски пласман во осминафиналето

Македонската одбојкарска репрезентација со убедлива победа од 3-0 против Ц.Гора го продолжи настапот на ЕП кое се игра во4 држави меѓу кои и во Скопје.

Втората победа на нашиот национален тим му донесе пласман во осминафиналето што е најголемиот успех за Македонија.
Црногорците едноставно немаа шанси против разиграниот тим на селекторот Миленковски. Поените на Ѓорѓиев, Љафтов и Савовски беа нерешива енигма за противникот кој се закани само на стартот од мечот кога на почетокот на првиот сет поведе со 5-1 за да ние со серија го преземеме водството и на крајот се радуваме на големиот успех. 
Вечерва во 20ч Македонија игра против Полска а потоа следуваат дуелите со Холандија и Чешка.