„Ер Франс“ објави дека сите патници на нивните летови мора да носат маски

Француската авиокомпанија „Ер Франс“ објави дека сите патници на нивните летови од 11 мај ќе мора да носат маски согласно препораките од француската Влада за заштита од новиот коронавирус.
Од „Ер Франс“ соопштија дека патниците ќе мора да имаат свои маски и мора да ги носат во текот на целиот лет. Некои други авиокомпании како „Луфтханза“, „Јунајтед ерлајнс“ и „Делта ерлајнс“ веќе воведоа такви регулативи.
Авиокомпаниите претрпеа голема финансиска штета за време на пандемијата со Ковид-19 и значително ги намалија летовите, а сега бараат начин да ги уверат патниците дека е безбедно патувањето.
Сепак, некои авиокомпании не воведоа правила за намалување на бројот на патници на секој лет за да обезбедат физичко растојание, тврдејќи дека не би било економски исплатливо за нив.
Ново на Сител
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
