-->
-->
„Ер Србија“ привремено нема да лета за Њујорк
-->
Српската авиокомпанија „Ер Србија“ најави дека нејзиниот авион „Ербас А330“ (ЈУ-АРА), што лета на линијата Белград-Њујорк-Белград нема да сообраќа од 24 септември до 6 октомври заради редовно техничко одржување.
Затоа, патниците со четири летови од линијата Белград -Њујорк -Белград ќе бидат префрлени на летови на други компании или ќе им бидат вратени паричните средства, соопштија од „Ер Србија“.
Од српскиот национален авиопревозник наведуваат дека секогаш планираат редовно техничко одржување на почетокот на ниска сезона, кога има помала побарувачка и број на патници.
Техничкиот преглед се врши на секои две години во согласност со стандардите во авиоиндустријата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти