„Ер трактори“ почнаа да го гаснат големиот пожар на Огражден
Пожарот кој избувна пред шест денови на планината Огражден, над селото Бадилен, на територијата на Општина Ново Село, на границата со Бугарија, почнаа да го гаснат четири „Ер трактори“- два на Дирекцијата за заштита и спасување и два турски.
Вклучувањето на авионите во гаснењето на овој голем пожар, кој избувна на крајно непристапен терен, го најави утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, кој информираше дека на двата авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ) ќе им се приклучат и два турски кои пристигнаа на Скопскиот аеродром
во рамки на меѓународната помош.
Според информации од членови на Ловното друштво „Елен“ од Ново Село, кои се вклучени во гаснењето на пожарот, од бугарска страна е вклучена механизација која со копање „засеци“ не дозволува пожарот да се прошири и според нив со вклучувањето на авионите во гаснењето може да се очекува пожарот да биде локализиран.
Според првичните проценки од ТППЕ Струмица пожарот зафатил над 20 хектари нискостеблеста дабова и борова шума.
Ново на Сител
-
Бајден: Беше животна привилегија да и служам на нашата нација
-
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица
-
Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите
-
61-годишник од девизна на починат со полномошно извадил 18.550 долари и 11.750 евра
-
18-годишна скопјанка нападната во влез на зграда во Центар
-
Креариан е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук
-
Врховната рада на Украина ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата до 9 мај