-->
-->
Ердоган: Црното Mоре станува руско езеро
-->

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека НАТО силите не се доволно распоредени во Црното Море и дека не можат да се спротистават на руското воено присуство на тоа место.
- Му реков (на генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг) дека се отсутни во Црното море. Црното море почна да станува руско езеро, истакна Ердоган на состанокот на началници на генералштабовите на балканските земји во Истанбул.
Тој додаде дека ќе бара од Алијансата да го реши тоа прашање на претсојниот самит во Варшава.
- Ако не тргнете во акција, историјата нема да ви прости, порача Ердоган.
Турскиот претседател истакна дека БиХ и Македонија треба наскоро да и се придружат на Алијансата за да ја зајакнат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
-

Јаневска: Студентите повеќе нема да бркаат глувци и да им се тресат лифтовите
-

Протест на вработените во секторот игри на среќа - ако се донесе законот, ќе останеме на улица
