Ердоган: Доколку ЕУ сака да стане глобален играч мора прво да ја придобие Турција
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неговата земја по секоја цена ќе ги брани своите национални интереси, како низ дијалог и дипломатија, така, доколку има потреба, и со употреба на сила.
Ердоган, синоќа во Анкара, во текот на средбата со турските амбасадори, се осврна на актуелните случувања во и околу земјата.
Зборувајќи за борбата против ФЕТО, Ердоган кажа дека од САД очекуваат конкретни чекори било да станува збор за предавање на првиот човек на оваа организација Фетулах Ѓулен на Турција, било за прекин на снабдувањето со оружје на терористите од ПКК.
Во врска со ракетниот систем С-400, што Турција го набави од Русија, Ердоган порача дека нема конкртни докази дека системот им штети на НАТО или на програмата за производство на ловецот Ф-35.
-Ние сигурно ќе ги браниме нашите национални интереси, кога тоа ќе биде потребно-со дијалог, но, исто така, и со поблаги елементи на сила. Некогаш и со присилните алатки на дипломатијата, но кога тоа ќе биде потребно и со користење реална сила, порача Ердоган, пренесе агенцијата Анадолија.
Осврнувајќи се на односите меѓу ЕУ и Турција, Ердоган кажа дека „доколку ЕУ сака да стане глобален играч мора прво да ја придобие Турција. Членството на Турција не смее да биде жртва на волјата на неколку земји“, рече тој.
Ново на Сител
-

Муслиманите го слават Бајрам
-

Јаневска: Наскоро нова верзија на Законот за високо образование
-

Од СВР Охрид апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила
-

Прилеп наскоро ја добива првата линија за секундарна селекција на отпад во Македонија
-

Зошто власта го одби предлог-законот за ГПС алки за насилниците?
-

Teма на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
-

Пред пожарот во „Пулс“, Дирекцијата за заштита и спасување никогаш не контролирала дискотеки
