Ердоган ги распиша изборите, најверојатен датум е 1 ноември

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган официјално вчера објави одржување на предвремени избори, со цел да го прекине политичкиот „ќорсокак“, кој се појави по парламентарните избори во јуни.
Одлуката на Ердоган за предвремени избори следеше по состанокот со претседателот на Парламентот Исмет Јилмаз.
Иако точниот датум на изборите не е официјално објавен, претседателот претходно најави дека гласањето би можело да се одржи на 1 ноември.
- Во согласност со Уставот, претседателот одлучи изборите за турскиот Парламент повторно да бидат одржани, се наведува во соопштението на Претседателството и се додава дека одлуката е донесена, откако истекол крајниот рок за формирање на влада од 45 дена.
Ердоган денека ќе се состане со турскиот премиер Ахмет Давутоглу со кого ќе разговара за преодната влада, која Турција ќе ја води до изборите.
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
