Ердоган: Гласањето во ЕП нема никаква вредност за нас
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека гласањето во Европскиот Парламент за евентуален прекин на пристапните преговори меѓу ЕУ и Анкара ништо не и значи на неговата земја и повторно ја обвини Европа дека стои зад терористичките организации.
-Повеќе пати јасно кажавме дека многу повеќе ги почитуваме европските вредности од многу земји на ЕУ, но не можевме да ја видиме конкретната поддршка на западните пријатели... Ниту едно ветување не е исполнето, рече Ердоган на конференцијата на Организацијата за исламска соработка во Истанбул.
Ердоган кажа дека пратениците на ЕП утре ќе гласаат за преговорите со Турција.
-Каков и да биде резултатот, тоа гласање нема никаква вредност во нашите очи, рече тој, а пренесоа британските медиуми.
Лидерите двете најголеми групи во Европскиот Парламент вчера ја повикаа Европската Унија да ги прекине преговорите со Турција заради постапките на властите од оваа земја по обидот за пуч во јули годинава.
Ново на Сител
-
Продолжуваат превирањата околу Предлог-законот за бранителите
-
Уставниот суд ќе одржи седница
-
Сиљановска Давкова заедно со претставници на земјите од Западен Балкан на работен ручек со еврокомесарот Борел
-
Зеленски скептичен за преговори со Русија
-
Трамп: САД треба да се повлечат од војната во Украина
-
Вучиќ ги обвини западните земји дека ги кршат нормите на ОН
-
Нетанјаху најави дека Израел ќе продолжи со нападите врз Хезболах во Либан
-
Променливо облачно и топло, попладне во северните делови локален дожд