Ердоган и Путин се договорија за скорешна посета на рускиот претседател на Турција
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се договори со неговиот руски колега Владимир Путин за скорешна посета на рускиот претседател на Турција. Ова денеска го соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер.
Претседателот Ердоган денеска имаше телефонски разговор со рускиот претседател Путин. Во текот на разговорот, лидерите постигнаа согласност по прашањето за посетата на Путин на Турција, соопшти Дирекцијата за комуникации. Датумот на посетата не е наведен.
Од прес-службата на Кремљ потврдија дека во тек се подготовките за евентуална средба меѓу двајцата лидери.
Во телефонскиот разговор двајцата шефови на држави разговарале и за опциите за продолжување на договорот за извоз на жито од украинските пристаништа. Турскиот лидер посочи дека Турција ќе продолжи да вложува активни напори и да ја користи дипломатијата за да продолжи со функционирањето на таканаречениот договор за жито. Ердоган ја истакна важноста на црноморската иницијатива, која според него претставува „мост на мирот“, информира Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, истакнува ТРТ-Хабер.
Минатиот месец Москва го прекина учеството во Договорот за жито.
Ново на Сител
-
Обвинителката Ленче Ристоска е задоволна од одлуката на Уставен суд
-
Тема на денот со Милан Стефаноски, надворешно политички аналитичар
-
Трамп: Русија е во подобра позиција за преговори од Украина
-
Изгоре стан во Кисела Вода – Пет лица се повредени
-
Со сатар и два ножеви скопјанец се обидел да влезе во Кривичниот суд
-
Од денеска замрзнати цени и маржи, казните за непочитување се до 10 илјади евра
-
Бизнисот ги бара парите од солидарниот данок, Финансии ги убедува да прифатат пребивање
-
МОН и СОНК пред потпишување на колективен договор