Балкан
22. October 2015 - 17:20

Ердоган: Интензивните напади врз Алепо ја поттикнаа миграцијата

Постојат силни индиции дека новиот бран миграција отпочна по интензивните напади врз сирискиот град Алепо, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој повторно апелираше да се обучат и опремат повеќе сириски бунтовници и во Сирија да се формира безбедносна зона, во која раселените цивили би нашле засолниште.

- Доколку тоа би се направило, мислам дека би била запрена миграцијата од Сирија и дека бегалците кои во моментот се кај нас ќе можат да се вратат, посочи Ердоган, алудирајќи на повеќе од два милиона сириски бегалци кои се во Турција.