Ердоган: Израел е окупаторска држава

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа повторно ја критикуваше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Ердоган го обвинби Израел дека е окупаторска држава.
Турскиот претседател оцени дека Израел „предизвикува терор со својата полиција и војници“ и додаде дека „одлуката на Трамп не е во согласност со законите или правдата“.
- Израел продолжува да се шири и да ги потиснува палестинците. Израел е држава на окупација. Тие напаѓаат цивили, вклучително и деца во Газа и на Западниот брег, спроведувајќи терор со својата полиција и војници, вели Ердоган.
Тој посочи дека во изминатите денови разговарал со светски лидери, како и со папата Франциско и дополни дека тоа не е само муслиманска работа, туку проблем и за христијаните и за Евреите.
- Лидерите треба да тежнеат кон мир, а не да предизвикуваат немири. Одлуката на Трамп не е во согласност со правото. Одлуката зададе тежок удар на Советот за безбедност на ОН. Она што денес го доживуваме е само резултат, а проблемот е во системот, истакна Ердоган.
Ново на Сител
-

Бројот на исчезнати лица по поплавите во Хималаите се искачи над 1.300
-

Пет собраниски комисии, ќе ги разгледуваат правосудните извештаи, стратегиите за безбедност и кадровските прашања
-

Едно лице загина, 10 се повредени откако автомобил удри во група луѓе во францускиот град Кан
-

Топло со умерена локална облачност, попладне неcтабилно
-

Мерц најави крај на рецесијата: Германската економија влегува во фаза на засилен раст
-

Двајца од осомничените за планираното палење фабрика за дронови во Словачка се Летонци, а третиот е Украинец
-

„Денови на Света Мајка Тереза“ по повод 10 години од нејзината канонизација
-

Во село Гари отворена спомен соба на копаничарот Петре Филиповски - Гарка | ФОТО
