Ердоган: Можна е Трета светска војна

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оцени дека „изградбата на американски бази во Сирија“ наговествува дека е можна Трета светска војна.
- Изградија 20 бази во Сирија. Зошто ги изградија? Прво што ми паѓа на памет е поради Турција и Иран. Веројатно не поради Русија. Тоа всушност ќе значи Трета светска војна. Ќе бидеме подготвени на се, изјави Ердоган.
Тој запраша каква работа имаат САД во Сирија, - Да не сака Америка тука да има граница, додаде Ердоган.
Шефот на турската држава ја критикуваше и меѓунардоната коалиција, предводена од САД, обвинувајќи ја дека дејствува заедно со Силите за заштита на народот, кои Анкара ги смета за сириски огранок на сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК), која од 90-те години на минатиот век се бори за автономија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

- На местата каде што тие испратија толку многу оружје и муниција, ние заедно со нашата Црвена полумесечина и Дирекцијата за управување со кризи и вонредни состојби (АФАД) доставуваме
Односите меѓу Турција и САД се влошија откако турската армија заедно со сириските бунтовнички групи што ја имаат поддршката на Анкара, на 20 јануари во реонот на Африн почна воена оперцијата против Силите за заштита на народот.
Според АНкара, цел на оваа операција, нарчена „Маслиново гранче“, е потиснување на борците на Силите за заштита на народот од реоните долж сириската граница кон Турција.
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
