Ердоган: На ОН им се потребни структурни реформи
ОН треба да бидат реформирани, но на Организацијата и се потребни стуктурни реформи, изјави денеска во Њујорк турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
- Реформата одново е на дневен ред оваа година (на сесијата на Генералното собрание на ОН). Но, тоа не е реформа каква што ние сакаме. Она што навистина треба е реформа на структурата на ОН, изјави Ердоган на церемонијата на свечено отворање на „Турскиот дом“ во Њујорк.
Според него, доколку не бидат спроведени структурни реформи, не ќе може да се добие „здрава Организација на Обединетите нации“.
Ердоган, кој во Њујорк ќе присуствот на годишното заседание на Генералното собрание на ОН, оцени дека сегашната структура на Организацијата „не служи на целта за гарантирање на глобалниот мир“.
- Додека се зголемува бројот на земјите, се менува и формата на заканите. Неопходно е да бидат утврдени нови методи за борба против овие закани, истакна Ердоган, додавајќи дека Турција предложила Истанбул да стане „центар на ОН“.
Ново на Сител
-
Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец
-
Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора
-
Од утре дожд и снег
-
Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно
-
Одложени два лета од скопскиот аеродром
-
Момче од Македонија почина во Шпанија, семејството моли за помош за транспорт на телото
-
Утре вонредна седница на Советот за национална безбедност на Црна Гора