Ердоган: Очекуваме повеќе од сојузниците во борбата против тероризмот
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека очекува конкретни чекори од сојузниците кога станува збор за поддршката на Турција во борбата против тероризмот, два дена по бомбашкиот напад во Анкара.
„Сакаме да видиме и конкретни пријатели, покрај пораките за осуда. Тие треба да знаат дека тие изјави за осуда на тероризмот нема да ни ги залечат раните“, рече Ердоган, пренесе Ројтерс.
Турската полиција претходно денеска објави дека уапсила 928 лица ширум земјата осомничени за врски со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), а за време на операцијата се запленети повеќе од 840 парчиња оружје.
Во неделата на 1 октомври двајца напаѓачи извршија бомбашки напад пред зградата на МВР во Анкара, при што двајца полицајци беа полесно повредени.
Еден напаѓач се разнел, а другиот бил убиен од полицијата, соопштија претходно локалните власти.
Одговорноста за нападот ја презеде милитантната група на Курдистанската работничка партија, пренесува Танјуг.
Ново на Сител
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди
-
Дончиќ нов играч на Л.А. Лејкерс, трансферот се одвивал во строга тајност, Словенецот не знаел ништо
-
Јаневска за новиот концепт на гимназинско образование: Нормално е да има реакции, не е исклучена можноста за промени
-
И болничките кујни под лупа на инспекторите на АХВ
-
Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, велат од полицијата
-
Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини од 25 отсто на американските стоки