-->
-->
Ердоган одржа средба со Тилерсон
-->

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон синоќа во Истанбул се состана со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Претходно, Тилерсон оствари средба со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Според турските медиуми, двајцата зборувале за темите поврзани со ситуацијата во Сирија и Катар.
По средбата на Ердоган и Тилерсон не беше објавено никакво соопштение.
Државниот секретар на САД, кој синоќа пристигна во Турција, говореше на церемонијата по повод отворањето на 22-тиот Светски нафтен конгрес во Истанбул, во својство на поранешен извршен директор на американскиот нафтен гигант „Ексон Мобил“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

28 пожари на отворен простор, 11 се уште активни
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Преглед на вестите од светот
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
