Ердоган прогласи вонредна состојба во Турција во траење од три месеци

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти вчера дека во земјата е воведена вонредна состојба, која ќе трае три месеци.
Тој тоа го соопшти во живо во обраќањто, кое директно го пренесуваше телевизијата, откако претходно беше одржан состанок на Советот за национална безбедност.
Ердоган истакна дека ова одлука е согласно Уставот и наведе дека целта е брзо и ефикасно да се преземат мерки против приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.
Турскиот претседател изјави дека Европејците немаат право да ја критикуваат одлуката на Турција за воведување вонредна состојба.
Тој наведе исто така дека ќе дејствува како претседател и како главен командант на вооружените или со цел да го исчисти „вирусот“ од војската.
Турскиот лидер додаде дека вооружените сили се под команда на владата и оти дејствуваат во согласност со нејзините одлуки.
Во обраќањето тој говореше и за состојба за во економијата, наведувајќи дека лошите рејтинзи на кредитните агенции не ја одразуваат реалноста на турското стопанство, како и дека турскиот пазар нема проблем со ликвидноста.
Тој во интервју за каналот Ал Џазира нагласи дека само малцинството од вооружените сили се вмешани во обидот за пуч, но додаде дека се уште не е јасно колку луѓе точно учествувале.
- Јасно е дека станува збор за мала вооружена сила. Терористичката организацијата се обидела да го изведе тоа да малцинството доминира над мнозинството, рече Ердоган
Тој напомена дека постои можност двата турски пилота, кои го соборија рускиот авион Су-24 во ноември 2015 година да бидат поврзани со тајната организација на имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во Пенсилванија, а кого Ердоган го обвинува за вмешаност во пучот.
Ердоган истакна дека двајцата пилоти, кои минатата година го собориле рускиот борбен авион се уапсени по пучот, дека веројатно судството ги пронашло и дека од тие причини се приведени.
- Можеби и тие имаат врска со Пенсилванија. Секако судството ќе стори се за да ги испита. Тие можеби имаат врска со таа група. Меѓутоа немаме јасни докази дека тоа е поврзано со инцидентот со рускиот авион, додаде Ердоган.
Турскиот претседател исто така напомена дека е можно некои земји да се вмешани во обидот за воен удар, во кој загинаа речиси 300 лица, а уште неколку стотици се повредени.
Ново на Сител
-

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести хоспитализирани само шест пациенти
-

Митева: 300 милиони денари за прославата обезбеди Државна лотарија - не се потрошени буџетски средства
-

Скопјанка пријавила дека малолетната ќерка била допирана од 63-годишен пријател на нејзиниот сопруг
-

Сопружници во бракоразводна постапка се тепале меѓусебно, па се пријавиле во полиција
-

Расправија прераснала во тепачка: Две скопјанки се пресметале во Аеродром
-

Го довел во заблуда и склучил договор за товарно возило од 11.000 евра, кривична за 31-годишник
-

Срамно ВИДЕО: Со комбе донесе вреќи и кутии со ѓубре и ги фрли директно во Радика
-

Мицкоски: За две години остварени околу 1,4 милијарди евра странски инвестиции, разликата со претходната влада е огромна
