Ердоган тврди дека води на предизборните анкети
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека во предизборните анкети тој води пред другите претседателски кандидати, како и оти коалицијата околу неговата Партија на правдата и развојот (АКП) исто така има поголем рејтинг од другите партии.
Според него објавените предизборни анкети не кореспондираат со резултатите кои Ердоган и АКП ги добиле за рејтингот пред изборите.
– Ние отсекогаш сме победувале на изборите. Внимателно ја следиме активноста на анкетните агенции, кои си ја вршат работата како што треба. Според извештаите што ги добиваме, водиме со јасно водство и во однос на претседателската функција и како Републиканската алијанса во Парламентот, посочи Ердоган
Голем број агенции неодамна објавија резултати од анкети, кои покажуваат предност на опозицискиот претседателски кандидат Кемал Кулчдароглу.
Претседателските избори во Турција се закажани на 14 мај.
Ново на Сител
-

Економијата во вториот квартал со раст од 4,3%, што е најдобар во последните 10 кавртали
-

Нови комунални возила за општините
-

Седми смртен случај од западно-нилска треска во Македонија
-

Клековски: 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но се уште во животно загрижувачка состојба
-

Со донација е обезбедена терапија за пациенти со хемофилија
-

„Нешто што ќе остане по четвртипат“ – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музика
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
