Ердоган: Ваквите напади имаат цел да создадат хаос во Турција
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе се бори до крај против сите напади на терористичките групи и на нивните поддржувачи и додаде дека ваквите напади не се независни од случувањата во регионот.
- Турција е цврсто решена да го уништи изворот на ваквите закани и напади, нагласи Ердоган.
- Како нација ние ќе се бориме до крај не само против вооружените напади на терористичките групи и на силите кои стојат зад нив, но и против нивните економски, политички и социјални напади. Тие се обидуваат да создадат хаос, да го деморализираат нашиот народ и да ја дестабилизираат земјата со ваквите напади насочени против цивили. Ние ќе ја сочуваме присебноста како нација, уште повеќе ќе се сплотиме, никогаш нема да отстапиме пред ваквите валкани игри, се вели во писмената изјава на претседателот објавена денеска.
Во меѓувреме портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи изјави дека израелска државјанка е ранета, а друга се води како исчезната во вооружениот напад во истанбулскиот ноќен клуб синоќа на пречекот на Нова година во кој загинаа 39 лица.
- Една Израелка е ранета и сместена во болница, но не постои опасност за нејзиниот живот, а судбината на друга е во неизвесност. Таа во моментот на нападот се наоѓала во дискотеката, изјави портпаролот.
Шест од жртвите се идентификувани како турски државјани.
Ново на Сител
-
Потрошувачите во Хрватска повикани на неделен бојкот на малопродажните синџири и производи
-
АМСМ: Магла во Битола и Прилеп, видливоста од 50 до 100 метри
-
Комеморација во Аушвиц: Преживеаните сведочат за ужасите на Холокаустот
-
Утре без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров
-
Кривична пријава против велешанец за криумчарење на тројца мигранти
-
Донација од ЕУ и УНДП за граничната и криминалистичката полиција
-
Уапсен 43-годишен крадец на гулаби во Гостивар
-
Филипче до Oбвинителството доставил извештаи за работата на Онкологија, тврди дека додека бил министер имало лекови за пациентите