Ердоган во прва посета на Ватикан
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на повик на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско денеска ќе отпатува во дводневна официјална посета на Ватикан.
Канцеларијата за односи со јавноста на турскиот претседател соопшти дека Ердоган и Папата ќе се сретнат во Ватикан и ќе разговараат за билатерални и регионални теми. Во соопштението се наведува дека турскиот претседател ќе се сретне и со ватиканскиот државен секретар, кардиналот Пјетро Паролин.
Главни теми на средбата на Ердоган со папата ќе бидат билатералните односи меѓу Турција и Ватикан, како и регионалната криза, статусот на Ерусалим, ситуацијата во Сирија, проблемите со ксенофобијата и исламофобијата во светот и борбата против тероризмот.
По официјалната посета на Ватикан, Ердоган во Рим ќе има и работен ручек со италијанскиот колега Серџо Матарела, а потоа и со шефот на италијанската Влада, Паоло Џентилони.
Ова е прва посета на еден турски претседател на Ватикан по речиси 60 години. Последен ваква посета оствари третиот турски претседател Џељал Бајар, кој во Ватикан се сретна со папата Јован Дваесет и втори во април 1960 година, кога Турција вопоставува дипломатски односи со Ватикан, а во 1962 година ја отвара и својата амбасада во Светата столица
Турција од тогаш ја посетија неколку поглавари на Римокатоличката црква - во 1967 година во земјата допатува папа Павле Шест, во 1979 година папата Јован Павле Втори, во 2006 година папата Бенедикт Шеснаесетти, а во 2014 година - папата Франциско.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари