Ердоган за Си-Ен-Ен: Европските земји не придаваат внимание на заканата што ја крие тероризмот

Многу европски земји не и придаваат значење на заканата што ја крие тероризмот, и затоа во недоволна мерка вложуваат напори во борбате со екстремизмот, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен, пренесува ТАСС.
- Ние ги повикувавме земјите на изградбата на заедничка позиција против тероризмот, но многу европски држави, се чини, на овој повик за акција не му го посветија вниманието што го заслужува, посочи Ердоган.
Ердоган во интервјуто ги критикува земјите од ЕУ за тоа што не ги извршуваа своите обврски како што треба во борбата против тероризмот. Притоа, тој напомена дека Анкара му предала на Брисел информации за еден од екстремистите, кои овој месец го извршија терористичкиот напад во белигиската престолнина, но белгиските власти не реагирале на нив.
- Нашите очекувања за размена на разузнавачки информации не се оправдаа, додаде турскиот претседател.
Ердоган подвлече дека Турција останува ангажирана во борбата против групата Исламска држава.
- Ние ја очекуваме истата решителност и од европските земји, истакна Ердоган.
Ново на Сител
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
-

Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
