-->
-->
Ердоган започнува проект вреден милијарди долари: Поради ова потопен е град стар 12.000 години, а две реки може да останат без вода
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2019/march/edljnjfnjegaergh-212330.jpg?itok=RYiUa1Qg)
Влијанието на браната, која за турскиот југоисток создава 1.200 мегавати електрична енергија, е критикувано и во Турција и во Ирак.
Ирачката влада вели дека спуштањето на браната ќе предизвика недостиг на вода на една од двете реки од кои зависат резервите на вода во таа земја.
Во Турција поради браната ќе биде потопен градот Хасенкејф, стар 12.000 години, а неколку илјади луѓе ќе бидат раселени.
Ердоган во изборната кампања навел дека проектот "Илис" е вреден 8,5 милијарди лири или 1.6 милијарди долари, а на турската економија ќе и носи околу 270 милиони долари годишно.
"Со божја волја, ќе почнеме со полнење на браната на 10-ти јуни", рекол Ердоган.
Турција минатиот јуни почнала да ја полни браната, но по жалбите на Ирак дека водостојот е многу намален, престанала.
Минатата година поради недостиг на вода во Ирак, на сила стапила забраната за садење на ориз и многу земјоделци морале да ги напуштат своите имоти.
Кампањата против браната безуспешно го ставила проблемот пред Европскиот суд за човекови права, наведувајќи дека ќе дојде до уништување на културно наследство.
Судот минатиот месец го отфрлил случајот и истакнал дека зачувувањето на културното наследство е во надлежност на турските власти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
198 санкционирани возачи во текот на изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола, 84 за брзо возење
-
Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга
-
Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија
-
Комплетиран предлог составот на новата влада, гласањето најавено за 22 и 23 јуни
-
Американски турист пронајден мртов на остров во близина на Крф, исчезнаа уште тројца туристи
-
Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа
-
Лидерите на ЕУ на неформална средба ќе расправаат за избор на носителите на врвните функции во Унијата
-
Столтенберг во посета на САД и Канада