Ештон Качер и Мила Кунис се венчаа

Таблидите досега повеќе пати објауваа дека Ештон Качер и неговата девојка Мила Кунис се венчале, но сите такви тврдења до сега се покажуваа само како обични озборувања.
Но, како што објави „Пипл“, викендов им е ставен крај на ваквите шпекулации, бидејќи популарните „Келсо“ и „Џеки“ конечно го кажале „судбоносното да“. Церемонијта поминала во најстрога тајност, наведува магазинот, додавајќи дека тоа не зачудува кога се во прашање Качер и Кунис.
Ештон и Мила се запознаа во далечната 1998 година на снимањето на популарната серија „Луди седумдесети“, но нивната љубовта се распламти дури во април 2012 година. Лани во октомври тие ја добија ќерката Вајт Исбел.
Ова е прв брак за Мила, а втор за Ештон. Пред неа, актер беше шест години во брак со Деми Мур.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
