Ескобар денеска во Косово, нема да се сретне со Курти
Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави, Габриел Ескобар се очекува да допатува денеска во Косово, од каде што утре ќе замине во посета на Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во краткото соопштение на американскиот Стејт департмент се вели дека „заменикот помошник државен секретар ќе ги посети Приштина и Белград со цел да го поддржи дијалогот“ меѓу двете држави. Најавeна е срeдба на Ескобар со претседателката на Косово, Вјоса Османи, а вечерва во Амбасадата на САД ќе има работна вечера со лидерите на трите најголеми опозициски партии, Мемли Красниќи (Демократска партија на Косово), Љумир Абдиџику (Демокртаски сојуз на Косово) и Рамуш Харадинај (Алијанса за иднината на Косово).
За време на перстојот во Приштина американскиот емисар нема да се сретне со премиерот Албин Курти. Портпаролот на Владата на Косово, Прпарим Криезиу изјави за ТВ Клан Косово дека во агендата на премиерот за денеска не е предвидена некаква средба.
Посетата на Ескобар доаѓа по средбата на Курти со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел, на која не беше постигнат некаков договор, како и во пресрет на почетокот на спроведување на косовскиот реципроцитет кон Србија во однос на патните исправи и регистерските таблички, најавен за 1 септември.
За утре е најавена посета на Приштина, а потоа и на Белград, и на специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак.
Ново на Сител
-
Во октомври зголемени цените на угостителските услуги
-
Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили
-
Муцунски во Прага на средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек
-
Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српката Влада
-
Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово
-
Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај село Рибарци
-
Седлоски нов тренер на Вардар
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице