ЕСМ ќе ги сочека сите понуди по што ќе одлучи од кого ќе набави гас за ноември
– На тендерот за набавка на природен гас, АД ЕСМ доби официјална понуда само од „Макпетрол“, која е со висока цена, поради што се размислува дали да се набави гас за топланите за ноември од оваа компанија или да се сочекаат и другите понуди кои во моментов се испратени како некомплетни, информираа од АД ЕСМ за МИА.
Претходно, посочија дека за ноември за топланите ќе набават количини од Макпетрол.
По евалуацијата на некомплетните понуди, како што посочуваат, заклучиле дека цената која ја понудил „Макпетрол“ за природен гас за ноември е повисока од другите поради што се размислува дали да се набави гас од таа компанија или да се сочека да се докомплетираат понудите и од другите понудувачи на тендерот.
-За гасот имаме официјална понуда од Макпетрол. Втората понуда од странската компанија е информативна, треба да ја комплетираат со сите податоци и да ја испратат во официјална форма. По разгледувањето на новите понуди утврдено е дека цената на понудата од „Макпетрол“ е висока, така што во АД ЕСМ се размислува дали да се набави гас за ноември за топланите од „Макпетрол“ или да се сочекаат и другите понуди кои во моментов се испратени како некомплетни, прецизираат од АД ЕСМ за МИА.
Рокот за доставување на понудите н тендерот на АД ЕСМ за набавка на природен гас за потребите на топалните во Скопје и евентуално за работа на ТЕ-ТО заврши во петокот, но од компанијата оставија време до денеска за евентуално да не пристигне некоја понуда по пошта. Од ЕСМ планираа да набават природен гас за следните шест месеци, односно за целата грејна сезона за топланите, но и за когенеративната електрана ТЕ-ТО доколку имаше понуда со прифатлива цена на природниот гас.
Ново на Сител
-

Жена од Велес касната од пајак црна вдовица – итно префрлена на Токсикологија
-

Момче со убодна рана пренесено во Клиничкиот центар во Скопје
-

Најмалку 50 луѓе повредени во големиот земјотрес во јужна Јапонија
-

При претреси во Куманово пронајдени дрога и оружје, приведени три лица
-

Голем земјотрес регистриран во јужна Јапонија, издадено предупредување за цунами
-

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид: Во судир на три автомобили повредени 8 лица
-

Николоски: Успехот на Македонија во растот на авиолетови и туризам препознаен од Светска банка
-

Клековски: При патувања во Африка и Индискиот Океан да се следат препораките од СЗО за потребата за вакцинација и профилакса
