ЕСМ Продажба за декември набави 40.600 MWh електрична енергија за дополнителни снабдувања по одлуки на Влада
ЕСМ Продажба за декември набави 40.600 MWh електрична енергија наменета пред се за потребите за дополнителни снабдувања по одлуки и задолженија од Влада на Република Северна Македонија.
За набавката се потрошени 16.319,639 евра без ДДВ. Во оваа набавка беше вклучена и базна и пикова енергија кои се со различни цени, односно пониска и повисока, соопшти ЕСМ Продажба.
Првичниот план за набавка на електрична енергија за Декември изнесуваше 48.000 MWh електрична енергија, но по добиените задолженија од Влада на Република Северна Македонија за дополнително снабдување од 1 декември на уште три категории потрошувачи (Прехранбена индустрија, Основни и средни училишта и Јавни претпријатија за водовод) планот за набавка е ревидиран на количина од 64.000 MWh.
АД ЕСМ посочуваат дека со сопственото производство целосно ги задовололува потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и најголемиот дел од количините за дополнително снабдување по субвенционирана цена за мрежата на ЕВН Електродистрибуција и МЕПСО.
Ново на Сител
-
Александар Николовски од УКИМ избран за претседавач на Националното студентско тело
-
Русија: Убиени пет напаѓачи и двајца полицајци во Република Карачај-Черкезија
-
WhatsApp воведува нова корисна промена
-
Најубаво куче на светот е авганистански ‘рт што доаѓа од Чиле
-
Додик: Ќе побарам од Србија и Вучиќ поддршка за разидување на Република Српска од БиХ
-
На преговорите во Каиро поканета и израелска делегација
-
Недовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
-
ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга